Капитенот на Ерменија топката ја замени со пушка, одби трансфер за оди во – војна!

9

Вараздат Харојан, капитенот на фудбалската репрезентација на Ерменија ја остави фудбалската кариера во втор план, со цел да ѝ помогне на својата држава која веќе неколку дена војува со Азербејџан.

 

Искусниот стопер, фудбалската топка ја замени и пушка и им се стави на располагање на одбранбените власти на Ерменија. Интересно е тоа што 28-годишниот Харојан во текот на овие денови требаше да направи трансфер и да го засили грчки АЕЛ Ларнака, но барем засега истиот пропадна.

 

Неговиот агент испратил писмо до грчкиот клуб во кое пишува дека  фудбалерот нема да потпише договор, затоа што ќе служи војска.

 

Харојан е еден од клучните играчи на репрезентацијата на Ерменија, со која Македонија во ноември треба да се сретне во гости.