Како што и се најавуваше денеска во Охрид на Свети Наум се одржа втората трка од Македонскиот куп во далечинско пливање.
Дел од овој настан беа и најмалите учесници (2009 година) кои пливаа еден километар.
Првото место го освои Нина Карајованова, на втората позиција е Сара Анастасовска, а третопласирана Милица Силјановска.

Во апсолутна категорија победници се Евгениј Поп Ацев во машка конкуренција и Ева Петровска кај жените.
Во техничка организација на ПК „Делфин“ под капата на Националната пливачка федерација, воедно Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески, Виктор Мизо-КОСТЕЛ, ресторан Острово и езерска Полиција помогнаа успешно да биде завршен вториот круг од маратоните.