Караџовски: Вирусот е полош, се насобраа многу болни, мерки мора да има

9

Сега сме во неповолна ситуација, затоа што вирусот се шири низ целата земја. Не би ја оценил состојбата како катастрофална, бидејќи сѐ уште ја менаџираме болеста. Ниеден пациент не е оставен да страда, без медицинска нега. Здравствените работници се преморени и не смееме да дозволиме да се намали нивниот број, изјави претседателот на Комисијата за заразни болести прим.д-р Жарко Караџовски оценувајќи дека најголем пренос на болеста во моментов е во Битола.

Ако ме прашувате зошто решивме да донесе рестриктивни мерки, затоа што вирусот сега не е истиот и затоа што расте бројот на заболени. Во последните три недели се случува бум, со позитивни на ковид-19 од над 1.200 и повеќе на ден. Се насобраа огромен број на случаи, за период од две-три недели се наполнија болниците, рече д-р Караџовски.

„Сигурна епидемиолошка болест е кога нема ширење на болеста. Сега сме во неповолна ситуација, затоа што вирусот се шири низ целата земја. Не би ја оценил состојбата како катастрофална, бидејќи сѐ уште ја менаџираме болеста. Ниеден пациент не е оставен да страда, без медицинска нега. Здравствените работници се преморени и не смееме да дозволиме да се намали нивниот број“, изјави Караџоски.

Тој самиот го постави прашањето зошто мерки не беа донесони порано и одговори дека како и во целиот свет, анализите, така и во Македонија, се прават неделно.

„Движењето на Р 0, што кажува колку лица заразува едно лице, не е ист секаде -највисок е Битола со 1,42, потоа следуваатКуманово и Тетово со над 1, а Скопје за првпат паѓа под Р1“, рече Караџовски.

Тој рече дека очекува со мерките на здравствените работници да им се даде „капка” одмор, здравствените власти да обезбедат нови кадри, а оние капацитети кои се оспособуваат да бидат завршени, и конечно, да се вакцинираат што повеќе лица.

„Правилото е вакцинирај, вакцинирај, вакцинирај, тоа единствениот начин на намалување на бројот на заболени. Ве молам да ги спречиме собирањата и празнувањата, сите да бидеме одговорни“, рече Караџовски.

За тоа што се смени овие два дена за да се донесат нови построги мерки, Караџовски вели дека мора да се направи анализа на две неделно ниво, за да може врз основа на релевантни бројки да се носи одлука за нови мерки.

„На 7 дневен период се анализираат податоците кои ги собираме , ниту една мерка не се носи за еден или два дена. Подлабока анализа се прави за една или две недели. Тоа се релевантни бројки кои се прават и во цел свет, а и кај нас. Не се олабавуваат мерките надвор никаде. Во 90 отсто држави во Европа бројките растат. Три дена порано можевме да ги донесевме овие мерки, но за да настапиш пред премиерот и Кризниот штаб треба да настапиш со бројки. Ова сега го предлагаме затоа што две недели имаме зголемување на бројките. Играме на подолги стази и потребни ни се две недели за да направиме добра проценка за нови мерки”, вели Караџовски.

Тој додаде дека има мутации на ковид-19 и ако претходно симптомите се појавуваа за 5 до 7 дена, сега се појавуваат симптомите за 3 до 5 дена.

„Пред две недели и сега не е исто и состојбата може да се смени за 24 часа. Не се сменило со корна вирусот, но се сменил бројот на заболени, хоспитализирани и починати. Британскиот сој или некој од другите мутации се разликува од оној од пред 6 или 8 месеци. Забрзано се шири и просечно 5 до 7 дена беа првите симптоми, сега е за 3 до 5 дена. Различно е и во делот на смртноста. Сега е пикот кога очекуваме енормно да се зголеми бројот на починати лица. Ако сме правеле под 2.000 тестови, сега правиме 4.000 тестови. Проблемот на тестови не е проблем, туку хоспитализациите се”, вели Караџовски.