Карвахал: Денеска беше морално да го облечеме работното одело

16

Реал Мадрид не брилјираше на денешната градска пресметка со Хетафе, но максимално ја одработи и ја заслужи победата која ја оствари на гостувањето на „Колисеум“ стадионот, а во прв план се истакнаа Тибо Куртоа и Рафаел Варан.

Првиот блескаше на голот и имаше неколку фантастични интервенции со кои го остави Реал во игра, а потоа и го задржа водството, додека на другата страна, одлучувачки беше стоперот Варан кој во два наврати беше најдбоар во скок играта. Најпрво го примора Сорија да си даде автогол, а потоа во вториот дел силно погоди со глава за 0:2. Пред самиот финиш на мечот, конечните 0:3 ги постави Лука Модриќ по една одлична тимска контра.

– Оваа победа е многу важна за нас. Имавме три добри настапи на претходните три меча, но освоивме само три бода од максимални девет. Ако ја сакаме титулата, мора да освојуваме по три бода. Денеска беше редно да го облечеме работното одело и да освоиме три бода. Куртоа не остави во мечот, а на спротивната страна Варан беше клучен во скок играта. Никој не се сомневаше во капацитетот на Куртоа, тој е фантастичен голман и постојано докажува дека ќе ни носи бодови, – изјави десниот бек Дани Карвахал по мечот.