Кари: Шампионскиот прстен е поважен од секоја индивидуална награда

4

Кошаркарите на Голден Стејт се нови шампиони во НБА лигата, откако во големото финале го совладаа Бостон со 4-2 во победи, а признаението за најдобар играч во финалната серија му припадна на Стеф Кари.

Одличниот бек стана 11. кошаркар во историјата на НБА лигата кој бил МВП на финалето, МВП на сезоната и МВП на ол-стар натпревар.

– Луѓе, ние сме шампиони. Играм во голем тим. Честитки за Бостон за феноменалната серија. Ова беше тежок пат, имавме повредени, млади играчи, но успеавме да ја освоиме титулата. Четврта титула за мене и Клеј Томпсон, се чувствувам посебно поради тоа и горд сум на целиот тим иако на почетокот од сезоната малкумина веруваа во нас. Се изнаслушав разни експерти кои не ни даваа големи шанси. Имавм проблеми, но чувството да се заврши сезоната како шампион и неверојатно – изјави Кари.

Голден Стејт со триумфот над Бостон дојде до четвртата титула во последните осум години во кои има и два порази во големото финале.

– Последните години имавме многу подеми и падови, од остварување рекорди во лигата па се до повреди. Овој тим има победнички менталитет, имаме шампионска ДНК, верувавме дека можеме да го направиме ова. Лидерството на Томпсон, на Грин и моето на теренот влијаеше да имаме вакви успешни години. Верувајте ми, да се освои шампионскиот прстен е поважно од освојување на индивидуални награди – додаде Кари.