Кафаните остануваат затворени, а полицискиот час останува на сила уште една недела?

288

Денеска заседава Комисијата за заразни болести која ќе треба да одлучи дали рестриктивните мерки во државава ќе останат на сила.

Според неофицијални извори на ТВ21 полицискиот час ќе биде продолжен уште една недела, додека пак угостителските објекти ќе останат затворени.

Пакетот рестриктивни мерки кој беше донесен пред две недели, опфаќаше затворање на сите угостителски објекти, кафичи, ресторани, фитнес клубови, обложувалници и слично.

Ова се должи на третиот бран кој е и најголем во ковид пандемијата во Македонија.