Кај Мавританија потона брод со 150 мигранти, се удавија 57

6

Најмалку 57 мигранти се удавија откако потона брод којшто превезувал околу 150 мигранти од Гамбија, во близина на брегот на Мавританија, соопшти Агенцијата за миграција на ОН (ИОМ).

Властите на Мавританија соопштија дека настрадале 57 мигранти. Преживеаните велат дека бродот тргнал од Гамбија пред седум дена. Тие наведуваат дека на бродот имало жени и деца, како и дека 83 лица успеале да допливаат до брегот.

Се смета дека овој инцидент е еден од најтрагичните откако Шпанија ја воспостави поморската контрола од средината на 2000 година.