Кањељас: Циндриќ е голем лидер, го знам тоа од заедничките денови во Вардар

4

Последниот ден од групната фаза на Европското првенство носи голем дуел меѓу Хрватска и Шпанија. Победникот ќе го освои првото место и ќе ја избегне Норвешка на патот до големото финале во Стокхолм.

Неколку поранешни членови на Вардар ќе се судрат на денешната средба. Шпанците се претпазливи во пресрет на мечот и најавуваат дека најголемата опасност ќе доаѓа од Лука Циндриќ.

„Според моето искуство во Вардар, Лука сака да е лидер на екипата. Кога е на терен, постојано сака да докаже дека може да биде предводник и човек кој ја раздвижува играта. Тој го има тој балкански ген кој секогаш го тера да сака да победува. Сегашните играчи од Балканот го немаат тоа, но тој сигурно го има“, вели Жоан Кањељас.

Кањељас и Циндриќ беа дел од тимот на Вардар кој во 2017 година стигна до титула во Лигата на шампионите. Одлично си ги знаат своите слаби и силни страни, што секако ќе помогне во кроењето на тактиката за денешниот меч.

Натпреварот во Виена се игра денес со почеток од 16:00 часот.