Кенин по трофејот на АО: Не се плашете да сонувате, соништата се исполнуваат

13

Софија Кенин дојде до првиот Грен слем трофеј во деби настапот на завршинцата од големите четири турнири. Таа ја совлада Мугуруза во финалето на Австралија Опен со 2-1, за огромна радост и успех.

По триумфот Американката призна дека и сè исполнил сонот со оваа победа.

„Мојот сон и официјално се исполни. Не можам да опишам како се чувствувам, имам премногу емоции. Благодарна сум што стојам овде, на подиумот. Соништата се остваруваат, а сите што сонувате работете на сништата – ќе се исполнат“, изјави Кенин.

Од друга страна Габриње Мугуруза не успеа да дојде до третата победа на големите турнири, а по мечот ја пофали златната противничка.

„Честитки до Софија, одигра неверојатен меч и одличен турнир. Го заслужи трофејот, мислам дека ќе те гледаме во многу финалиња“, кратко пофали Мугуруза.

21-годишната Кенин е на почетокот од кариерата, а во изминатите две години имаше голем скок на АТП ранкингот. Веќе од понеделник таа ќе влезе во ТОП 10, за сметка на Кики Бертенс.