Хари Кејн ќе биде среќен доколку Тотенхем освои шампионска и покрај тоа што го напушти клубот. Напаѓачот, кој летово потпиша за Баерн, одговори на прашањето дали би зажалил доколку Тотенхем ја освои Премиер лигата.
– Во текот на мојата кариера јасно ставив до знаење дека сум навивач на Тотенхем и би сакал да го видам Тотенхем како успева. Нема друг тим во Премиер лигата освен Тотенхем што посакувам да го освои шампионатот. Ако се пензионирав на 40 и погледнав наназад и сфатив дека никогаш не сум играл во друга лига [освен Премиер лигата], секогаш би се прашувал како е. Па сега сум тука во Баерн, возбуден сум. И никогаш нема да зажалам за оваа одлука, изјави Кејн.
Англичанецот и покрај тоа што е еден од најдобрите фудбалери на светот, се уште нема освоено ниту еден трофеј во кариерата.