Кејти Пери и Орландо Блум добија ќерка, името привлече внимание на Твитер

7

Кејти Пери и Орландо Блум добија ќерка, името привлече внимание на Твитер

Девојчето го доби името Дејзи Доув Блум, а веста се појави на официјалниот профил на Твитер на УНИЦЕФ. „Добредојде во светот на Дејзи Доу Блум“, објави УНИЦЕФ, каде што Пери и Блум се амбасадори.

„Исполнети сме со љубов за безбедното и здраво пристигнување на нашата ќерка на светот“, се вели во нивната изјава со соопштението.

Името на девојчето веднаш го привлече вниманието на социјалните медиуми. „Дејзи (маргаритка) песна за храброст и сила, Доув (гулаб) симбол на мирот, надежта, храброста и слободата. Затоа Кети Пери ја сними песната Daisies“, напишале твитерџиите. Имено, оваа година пејачката објави песна по името на новородената ќерка.

Двојката во април потврди дека очекуваат девојче.