Ке им се скрати комодитетот на општините, ќе се знае каде трошат пари

На надградената алатка „Отворени финансии“ (open.finance.gov.mk) отсега ќе можат да се следат и сите исплати на единиците на локалната самоуправа и нивните буџетски институции.

53

Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 проценти (од максимално можни 100 проценти) и се рангира како просечна активна транспарентност. Активната транспарентност во 2020 година е подобрена само за минимални 2,2 процентни поени во однос на лани, кога изнесуваше 56 проценти, информираше Центарот за граѓански комуникации кои го објави Индексот на активна транспарентност за 2020 година.

Според извештајот за Индексот на активна трансарентност, и годинава останува големиот јаз меѓу министерствата и општините.

„Иако во 2016 година министерствата и општините имаа иста почетна основа, оттогаш наваму министерствата постојано го подобруваа проактивното објавување јавни информации за разлика од општините, кои дури објавуваа помалку информации за конечно да почнат да се подобруваат од пред две години. Така, по четири години, активната транспарентност на министерствата е за повеќе од 22 проценти поени подобра од онаа на општините“, пишува во извештајот.

Од општините, 14 се најдоа на врвот на листата каде се наоѓаат институциите со „многу добра“ активна транспарентност. Во групата „многу слаба“ активна транспарентност, само општини, со исклучок на една институција, ги заземаат последните 37 места во рангирањето. Од вкупно 81 општина, само 43 годинава успеале да ја подобрат активната транспарентност.

Како одговор на оваа состојба, министерката за финасии Нина Ангеловска, ја претстави надградената алатка „Отворени финансии“ (open.finance.gov.mk) на која отсега ќе можат да се следат и сите исплати на единиците на локалната самоуправа и нивните буџетски институции.

– Фискалната транспарентност претставува најдобра алатка за домаќинско трошење на државните пари. Надградбата на порталот „Отворени финансии“ има за цел да им даде на јавноста, граѓанските организации, експертската и бизнис заедница посеопфатна слика и база на фискални податоци за трошењето на државата и општините. Тоа претставува основа за понатамошна економска анализа, зајакнување на јавната дебата со факти поткрепени со фискални податоци од официјален извор, како и поттик за јавните чинители поефикасно и ефективно да управуваат со јавните финансии- рече Ангеловска.

Министерството за финансии ја зголемило активната транспарентностза за 9,1 процентен поен и со тоа се рангира меѓу најдобрите десет институции во однос на индекот за активна транспарентност. Ова се должи на трите алатки кои се пуштени на крајот на 2019 и почетокот на 2020 година со кои јавноста има увид во движењата на јавниот долг и неговите компоненти, на капиталните расходи по буџетски корисник, како и на сите исплати од трезорот, рече Ангеловска.

Досега платформата Отворени финансии има повеќе од 250.000 посети од страна на над 24.000 корисници кои во просек се зaдржуваат по 6 минути на страната. (В.Д.)

Најтранспарентно Министертсвото за одбрана

Според Индексот на отворена транспарентност за годинава, најтранспарентно е Министерството за одбрана, а следни се: Велес, Карпош Крива Паланка, Битола, Демир Хисар, Македонска Каменица, Валандово, МВР и Министерство за финансии кое се наоѓа на 10-то место по транспарентност.

Прочитајте и… Лекарка специјалист и медицинска сестра меѓу новите случаи на заболени од Ковид-19 во Кавадарци
Најнетранспарентно е Министерството за политички системи и односи меѓу заедниците кое има нула транспарентност.

Според извештајот за овој Индекс, и министерствата и општините и понатаму најмалку информации објавуваат за финансиите, и тоа министерствата објавуваат 42 отсто од информациите што треба да ги објават, а општините само 36 отсто.