КИЛО ЛЕБ ИЛИ ЈАЖЕ ЗА БЕСЕЊЕ

194

Велат, подобро е да паднеш во депресија него во септичка јама! Арно ама, уште по страшно е ако паднеш депресивен во септичка јама. Тогаш ке се соочиш со онаа народната ‘‘ главата ти е во јазот, а стапот во газот‘‘! А ти не знаеш дали прво да ја вадиш главата од јазот, или стапот од газот! Нека ти остане стапот во газот, ама барем извади ја главата од јазот. И размисли, ако имаш барем грам мозак! А, јас знам дека немаш, затоа ‘‘хајт сиктер дома‘‘! За тие пари толку муабет!

 

Од Агим ЈОНУЗ

Хасан е измислено име. Хасан е секој трет во државата. Поточно, ова е исповед на еден мој пријател кој не сакам да го именувам. Разбирливо. Секој човек има своја гордост, па кој и да е. Неговата приказна е приказна на просечниот граѓанин на Македонија. Секој втор во Македонија е Хасан на свој начин. Ми раскажува Хасан.

Станувам на сабајле, и ставам кафето зашто онаа мојана уште спие. Се врати покасно вчера од работа ама нешто и стана често тоа покасно враќањето, мора да испитам што е работава. Башка, секој ден нешто друго облекува. Туку, ај да не си правам филмови у глава без потреба. Ако ме вара, не дека може да сменам нешто.  Ставам кафе, а на масата писмата од извршител. Оние писмата за сообраќајни прекршоци господ знае кај ми се. Ништо не сум платил. Ке ме земат некое сабајле у апсаана за мали пари неколку дена. Барем ке се наспијам, така се тешам. Оние од извршителот не сакам ни да ги гледам, зашто одма ми проработува желудецот и ми рипа притисак, а не дека нешто можам да сменам. Како и да е, по цел ден не сум дома и да дојдат нема да ме најдат, ама не може вечно да се кријам. Станав како глушец што се крие по дупки. Ја палам петата цигара одсабајле, и тоа со неотворени очи. Ми се тресат раце. Рано ми е за Диазепам, ама ке испијам еден.

Ги гледам децата у друга соба спијат. Ангели. У школо треба да идат, да ги разбудам. Треба да им дадам пари за да имат у џеп за сендвич или нешто. На малиот патики уште прошлиот месец требаше да му купам, уфф! Брцам у џеп, у него блокирана кредитна картичка и само четристо денари. Треба леб, млеко, а за ручак само господ знае што ке правиме. Пари нема, на онаа мојана цела плата на кредит и оди. Ги гледам децана и ми се плаче. Кај да позајмам пари, ионака веќе дужен сум до гуша. Што да правам со четристо денари. Дали на децата да им дадам по стотка, дали да купам леб и млеко, дали да одам на работа и јас имам душа, барем цигари да купам. Низ главата ми поминува само една мисла. Глупаво прашање си поставувам сам на себе, ама прашањето сасмо ми излага од грло. Дали да купам кило леб, или јаже да се обесам. Ионака да ти ебам животов овака. Палам уште една цигара и ми идат солзи на очи. Што му згрешив на господ. Откако знам за себе се трудам да бидам како што треба вреден, да бидам домакин, да бидам добар сопруг, татко, ама толку е! Не ме бива за политика, а за крадње и манипулации уште помалку. Со чесно, со господ толку. Ако паднам и да се разболам, ни за лекови ни за доктори пари. Боље да цркнам. Барем на време. Ако ништо друго да не гледам јадови. Кој ке ме гледа? Со кои пари? Што ми се децата криви. Како да им пружам се што ми треба со оваа плата. Што да правам со овие четристо проклети денари во џебот? Ке ми стигнат ли барем за убаво јаже. Леб, или јаже за бесење. Палам уште една цигара. Тешко дишам. Ќе излезам, ке одам на работа и на никого не оставам ништо. Ни на децата. Ке речам дека сум заборавил. Уфф, колку боли. Станувам од столче и уште рано на сабајле пијам една дупла ракија. Да ми ги смири рацете што ми се тресат и да ми даде малку сила. Имам впечаток дека ке паднам и нема више да станам. А денот пред мене треба да работам. Што да правам.

Хасан е просечен граѓанин на Македонија кој работи во администрација и живее од плата. Во време во кое не се знае утрешниот ден што носи, гледа и храни фамилија. Школува деца. Гледа куќа/стан. Не работи никаква дополнителна работа. Нема што да се работи  а нема ни занает. Чесен човек, лојален граѓанин кој ги почитува уставот и законите. Арно ама, има сериозен проблем. Треба да функционира како сопруг, татко, работник и се она што од него се очекува. Прашањето е како! Парализиран од неколку страни, се наоѓа во ситуација на очај, а не може да менува ништо. Се што му останува е или флашата, или пиштолот и да се убие. Ако земеме во предвид дека најголемиот дел од работите во секојдневјето се поврзани за пари, ајде да анализираме како еден човек може и дали може воопшто да остане нормален. Да се разбереме, една држава е онолку јака колку што му е сит и задоволен граѓанинот. Македонија се соочува со очаен народ на многу нивоа. Да не речам на сите. Кога една држава има народ кој насабајле размислува дали да купи леб со парите што ги има во џепот или да си купи јаже за да се обеси, ситуацијата веќе не е критична туку е завршена. Во една држава, сликата на народот не се дваесет проценти од оние кои се сити и ситуирани. Ретко кој од тие дваесет проценти се средна работничка класа која живее од плата, или планира живот од месечни примања. Една држава се гледа по мнозинството на народот, а тој ако ја земеме Македонија во предвид е донесен во ситуација да единственото нешто што го интересира е голиот опстанок. За него државата е душман. Таа не мисли на него. Колку и да е демократски ориентирана да направи благосостојба, таа на еден нај лузерски начин само го дотепува народот во сите свои свери на живеење.

Нездрава држава произведува нездрави луѓе. Нездравите луѓе влегуваат во нездрави бракови. Нездравите бракови создаваат нездрави млади поколенија. Нездравите млади поколенија произведуваат нездрава сегашност, а за иднина не станува збор. Ланецот на она што е се само не нормално е парадокс со кој Македонија се соочува по долг период. Како никога до сега сведоци сме на пораст на алкохолизам, наркоманија, проиституција, а консеквентно на тоа на криминалот во сите свои облици. Не постои начин во државава да се живее нормално ако во целост народот се води по правилото на почитување на редот. Ќе умре за леб ако чека да се наместат коцките по принципот на државните правила. Народот стана експерт за импровизација на животот. Паролата ‘‘ снајди се па живеј‘‘ стана единствено можно правило. Но, до кога можеш да се снаоѓаш. Не можеш вечно. Така да, било кој и да е, во даден моменѕт се соочува со отворената врата на криминалот и на кршењето на сите морални норми кои подразбираат да си чесен, да си исправен и да си со мирна свест пред себе, бога и законите. Нема човек кој не ја минал границата на црвената линија меѓу дозволеното и не дозволеното кога се во прашање законите. Не е страшно толку кога се кршат пишани законски норми, на крајот на краиштата за тоа постојат казнени мерки, туку е страшно тоа што во своето секојдневно обидување да се функционира почнаа да се кршат сите морални форми на исправноста. Ж

И така дојдовме до еден парадокс. Тоа се вика затворен магепсан круг. Ако алкохолизмот, наркоманијата, проституција и криминалот дојдоа до некоја своја ренесанса, тогаш релацијата граѓанин држава дојде до едно математичко равенство! Ако граѓанинот е таков каков што е, тој ја инсталира власта, дали тоа значи дека и државата со својот состав во естаблишментот е носител на сите овие девијантности? Да! Е сега, кој кого да лечи од алкохолизам, проституција и криминали? Дали граѓанинот да ја оправа државата или таа народот. Ако субстрактот на носителите на политичкиот естаблишмент доаѓа од широките народни маси, дали тоа значи дека сите овие девијантности што ги спомнавме се длабоко навлезени на сите можни нивоа?! Да! Ситуацијата не ја оправа ни Свети Петар, ниту Хазрети Мустафа.

Ајде да му се вратиме на Хасан од почетокот на колумната и да се прашаме како тој се чувствува. Каква лојалност бараш ти од Хасан кон државата која го разочарала тотално. Ако Хасан се прашува дали насабајле да купи за парите кило леб или да купи јаже да се обеси, како тогаш да гледаме на просекот на граѓаните во Македонија кои треба да веруваат дека еден ден сите овие нешта ке се подобрат и ке биде се во ред? Често пати се праѓуваме дали ке се пронајде некаква опција која ке го разводени ова политичко циркусирање кое секој де не лаже со датумот за преговори додека народот стои фигуративно речено во редици чекајки да си купи јаже за бесење. Но, мојата претпоставка е дека само по себе ке се случи еден феномен кој ке се случи како резултат на социјалната експлозија која ни е пред нос. Сакале ние или не, сево ова мора да има крај. Еден ден, а со ова темпо, ќе почне народот да се каса еден со друг како кучиња и тоа од глад, од бес. Социјалната бомба ни стои пред нос и прашање на ден е само кога ке експлодира. А тогаш, најмалку ке ни биде битно дали и кога ке имаме датум за преговори со Европската унија и дали Гоце Делчев давал часови на бугарски јазик. Гладен народ ке го продаде Гоце Делчев за ‘‘ пет пари‘‘, албанците дефинитивно ке разберат дека ‘‘бајракот не може да се јаде‘‘ и тогаш ке се најдеме сите на улица прашувајки се што ни се случи. А, јас ке ви кажам што ни се случи. Ни се случи мозокот кој го немаме, мизеријата која ја носиме, ни се случи бедата на духот кој исчезна во ходниците на историјата која со својата релативност ни создаде само проблеми, а ние сме се фатиле за неа како да ќе се живее во минато а не во иднина. Се случивме самите ние, кои пред огледалото на стварноста се соочивме со податокот дека не сме за држава. За нас само чизма, и подебел стап! Но, дали е касно дури и за тоа!

ОООО ЏЕМААТ! Велат, подобро е да паднеш во депресија него во септичка јама! Арно ама, уште по страшно е ако паднеш депресивен во септичка јама. Тогаш ке се соочиш со онаа народната ‘‘ главата ти е во јазот, а стапот во газот‘‘! А ти не знаеш дали прво да ја вадиш главата од јазот, или стапот од газот! Нека ти остане стапот во газот, ама барем извади ја главата од јазот. И размисли, ако имаш барем грам мозак! А, јас знам дека немаш, затоа ‘‘хајт сиктер дома‘‘! За тие пари толку муабет!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)