Кина наскоро би требало да го активира своето „вештачкото сонце“

10

Во март оваа година кинеските научници рекоа дека револуционерот ХЛ-2М Токамак, експериментален реактор за фузија или т.н. вештачко сонце што го имитира процесот на нуклеарна фузија, ќе биде изграден до крајот на 2019 година.

Засега нема најнови информации за тоа кога точно ќе биде завршен реакторот, но во ноември, Дуан Ксуру, еден од научниците кои работат на „вештачкото сонце“, изјави дека изградбата се одвивала според планираното и дека ХЛ-2М Токамак треба да биде оперативен до 2020 година, пишува Футуризам.

Ако кинеските научници навистина успеат да го лансираат реакторот за фузија, тие би можеле да имаат пристап до речиси неограничен извор на чиста енергија, што доведува до енергетска револуција и нова ера во физиката.

Стануваат технолошка сила

Можеби многумина се скептични за нивната објава, бидејќи Кинезите во последно време не извеле многу чуда од областа на природните науки, имено во областа на физиката, астрофизиката, генетиката и инженерството.

Па така, неодамна, тие ја испратија сондата Чанг-4 на страната на Месечината, која никогаш не се свртела кон нас и го истоварија таму роверот „Јуту 2“, кој ја истражуваше оваа непозната област. Тие ги создадоа првите ГМО бебиња, но исто така најавија и лансирање на вештачка Месечина или поточно, салетит за осветлување што ќе му служи на градот Ченгду, наместо улично осветлување.

Во ноември 2018 година кинеските научници објавија дека експерименталниот реактор за фузија или т.н. вештачко сонце, кое го имитира процесот на нуклеарна фузија, достигнал пресврт во експериментите од овој вид, достигнувајќи температура од 100 милиони степени Целзиусови.

Во март годинава, Дуан Ксуру на прес-конференција објави дека инженерите ќе ја завршат изградбата на националниот HL-2M Токамак до крајот на 2019 година.

-Плазмата на вештачкото сонце е претежно составена од електрони и јони, а реакторите кои веќе ги имаме достигнаа температура на електроните од повеќе од 100 милиони Целзиусови степени во јадрото на плазмата и јонската температура достигна 50 милиони степени- изјавил Дуан во тоа време за медиумите.

Ако е во право, HL-2M Токамак ќе послужи како урнек за идните реактори за фузија, приближувајќи ја Кина до остварување на сонот за чиста енергија. Но, може да се случи друго, полу-успешно сценарио, слично на мисијата Чанг-4, во кое кинеските научници успеаа да пренесат семиња и да израснат први растенија на Месечината, но тие многу брзо овенаа, штом „паднала“ првата ноќ на т.н. темната страна на Месечината.

Еден чекор поблиску до „бесконечна енергија“

Кинеските научници од Институтот за физика „Хефеи“ објавија минатиот ноември дека температурите во реакторот за фузија ЕАСТ (Експериментален напреден суперпроводник Токамак) достигнале температури над 100 милиони Целзиусови степени, што е шест пати повисока од температурата на Сонцето.

Со тоа, тие постигнаа нов рекорд во технологијата на фузија и нè приближија до ново доба на комерцијално одржлива енергија. Имено, за разлика од фисијалниот реактор, фузијата не ја загадува околината со радиоактивни материјали и би претставувала евтин и скоро неисцрпен извор на енергија.