Кина настојува да го зголеми својот нуклеарен аресенал на ниво без преседан, тврдат експерти

0

Високи руски претставници во областа на атомската енергија се согласија да и помогнат на Кина да ги комплетира „брзите реактори“ кои ќе произведуваат фисијски материјал многу побрзо отколку што се троши, јавија западните агенции.

Експертите објаснуваат дека Кина се обидува да го зголеми својот нуклеарен арсенал на невидено ниво и да го модернизира, со цел да го зајакне своето одвраќање во случај на конфликт со САД.

Стокхолмскиот меѓународен институт за мировни истражувања проценува дека Кина има арсенал од 350 нуклеарни боеви глави, додека Русија има 4.477, а САД 3.708.

Но, Пекинг би можел да го зголеми овој број на 1.500 нуклеарни боеви глави до 2035 година, според проценките од извештајот на Пентагон објавен во ноември.

„Се чини дека Кина повеќе не сака да се задоволи само со неколку стотини нуклеарни оружја за да ја обезбеди својата безбедност“, изјави Мет Корда од невладината организација Федерација на американски научници, која го проучува нуклеарното ширење.

По својата прва нуклеарна проба во 1964 година, Кина беше задоволна со одржување на релативно скромен арсенал и вети дека никогаш нема да биде првата што ќе употреби нуклеарно оружје во конфликт. Таа нагласи дека ќе прибегне кон оваа опција само во случај да биде гаѓана со ваков вид оружје.Во текот на изминатата деценија, кинескиот претседател Си Џинпинг се залагаше за модернизација на војската од големи размери, вклучително и подобрување на нуклеарните капацитети.

„Кина во моментов го презема најзначајното проширување и модернизација на своите нуклеарни сили во историјата на својата земја“, рече Дејвид Логан, професор на американскиот Поморски воен колеџ.