Кина: Новиот вирус се адаптира и мутира

16

Здравствените власти на Кина соопштија дека новиот вирус од којшто починаа девет луѓе, се адаптира и мутира и дека значително ја отежнува контролата врз епидемијата.

Некои експерти велат дека вирусот не е толку смртоносен како другите облици на коронавирус, како САРС-от, од којшто во 2003-тата починаа 800 луѓе.

Коронавирусот потекнува од нелегалниот пазар на диви животни, рече на прес- конференцијата Гао Фу, генерален диектор на кинескиот Центар за контрола и превенција на болести.

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот вирус.

На крајот минатата година вирусот најпрво се појави во кинескиот град Вухану, а потоа се прошири во Пекинг и Шангај. Следуваа случаи надвор од границите на Кина, како во САД, Тајланд, Јужна Кореја и Јапонија.