Кинескиот министер за одбрана во посета на Македонија

7

Кинескиот министер за одбрана, генерал Веи Фенгхе денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.

Како што е најавено, министерот Фенгхе во македонското Министерство за одбрана ќе се сретне со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Фенгхе се наоѓа во европска турнеја, во чии рамки влегуваат и посети на Унгарија, Србија и Грција.