Клоп останува во Ливерпул до 2024 година

5

Германскиот стратег Јирген Клоп потпиша нов договор со актуелниот европски шампион Ливерпул. Клоп се обврза со клубот од „Енфилд“ до летото 2024 година. Претходно денеска Стивен Џерард го направи истото со шкотскиот Ренџерс, што ги зголеми шпекулациите дека по завршувањето на договорот со Клоп, популарниот Стиви-Џи ќе биде нов менаџер на англискиот гигант.

Клоп во Ливерпул дојде во 2015 година, а во неговиот мандат успеа да го врати клубот на старите шампионски патеки. Минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, а годинава е на добар пат да ја освои и Премиер-лигата, титула која навивачите на „црвените“ ја чекаат триесет години.