Клоп: Сите можат да прославуваат, но ние не

4

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека тој и неговите играчи не смеат да бидат дел од еуфоријата што ги зафаќа нивните навивачи поради се поизвесното освојување на шампионската титула во Премиер-лигата. Тој инсистира дека фокусот останува на секој натпревар посебно. По вчерашниот тирумф во дербито со Манчестер Јунајтед, навивачите на Ливерпул пееја „ќе ја осовиме Лигата“.

„ Тие можат да го пеат тоа. Јас не кажувам кој што ќе пее и дали ќе се радува. Добро е нашите навивачи да се во добро расположение, но важно е нас да не не зафати славеничката атмосфера. Ние сеуште не сме дел од забавата“ – вели Клоп.

Ливерпул има дури 16 бода повеќе од бранителот на титулата, Манчестер Сити на врвот на табелата во Англија. Клубот сосема извесно е ќе ја освои првата титула по пауза од 30 години.