Клубовите од Македонија европските натпревари ќе ги играат на Кипар?

8

„Спортски журнал“ објавува дека клубовите од регионот своите европски натпревари ќе ги играат на Кипар поради пандемијата на коронавирус.

Иако уште нема ништо официјално од УЕФА, српскиот весник тврди дека екипите од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија своите домашни европски натпревари ќе ги играат на Кипар.

Од Кипар дале гаранции на УЕФА дека се подготвени да ги дадат своите стадиони и организациска логистка за одржување на овие мечеви од квалификациите за ЛШ и ЛЕ.

Ждрепката за првите квалификациски мечеви е на 9 август во Нион, дотогаш УЕФА и официјално треба да се изјасни и веројатно да ја потврди оваа информација на „Спортски журнал“.

Проблем се рестрикциите за патувања од една во друга земја поради пандемијата на коронавирус, па УЕФА бара начини како да се реализираат натпреварите без одложувања.

Силекс својот прв меч од квалификациите во ЛШ треба да го игра на 17 или 18 август, а Шкендија, Ренова и Шкупи во ЛЕ треба да почнат од 27 август.