Ковачевски кон одговорниот на БТА: Ако има вандализам, не барајте полиција, туку мене!

12

Бугарскиот премиер Кирил Петков во обид да го објасни степенот на лично залагање на македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, денеска даде конкретен пример во Народното собрание.

„По мојата посета во Скопје, бевме во канцеларијата на Бугарската новинска агенција (БТА). Ковачевски му го даде својот број на човекот кој е постојано таму и му кажа: Ако има вандализам или графити, не барај полиција, мене да ми се јавиш“, рече Петков.