Ковачевски: Северна Македонија е дестинацијата каде инвеститорите треба да ги инвестираат своите пари

3

Премиерот Димитар Ковачевски денеска истакна дека токму Северна Македонија е дестинацијата каде треба инвеститорите своите пари да ги инвестираат.

Тој вели дека по првата негативна година од пандемијата, земјата во 2021 година бележи подобрување на економијата.

„Според нашата анализа и анализата на меѓународните институции, има позитивен изглед од перспектива на стабилност. Земјата ќе оди напред, така што Северна Македонија е дестинација за инвеститорите да ги инвестираат своите пари“, рече Ковачевски на Инвестицискиот самит за Западен Балкан 2022 година, организиран од Европската банка за обнова и развој.