Ковид-пациенти почнаа да се сместуваат на Клиниката за очни болници, наскоро и на Клиниката за уво, нос и грло

29

Од утрово од 8 часот почнало со работа ковид-одделението на Клиниката за очни болести, информираа од Министерството за здравство.

Во оваа клиника има 23 болнички легла за пациенти сомнителни или заразени со ковид-19.

„Ковид-центарот на Клиниката за очни болести е во склоп на интерните клиники и во него ќе работи кадар од овие клиники составен од инфектолози, интернисти и анестезиолози, како и средномедицински персонал. Клиниката е опремена со довод на гасови и може да ги згрижи сите болни што имаат потреба од кислородна терапија“, велат од Министерството.
Наскоро се очекува да се отвори ковид-центар и на Клиниката за уво нос и грло.

На другите клиники, каде што веќе функционираат ковид-одделенија, пак, се додавале нови кревети.

Ставени во функција се дополнителни 43 болнички легла, а проширување на капацитетите е направено и во Градската општа болница „8 Септември“.

Во ковид-центарот во „8 Септември“ додадени се 20 нови кревети, со што досегашниот капацитет од 80 болнички легла се зголеми на 100.