Ковид 19 затвори уште една конфекција во Штип

12

Два потврдени случаи на Ковид 19 и уште неколку работници со симптоми се регистирани во уште една штипска текстилна компанија, поради што сопственикот одлучил привремено да го прекине приизводството на една недела. Во меѓувреме, сите вработени ќе бидат тестирани. Станува збор за капацитет со стотина вработени. Изутрината кога дошле на работа, им биле соопштени резултатите, по што паднала одлуката за приврмен прекин на работата.

Ова е десета конфекција во Штип, со појава на корона вирусот, поради што ќе се врши скрининг на сите вработени.

Во Штип заразата не стивнува. Вчера беа регистрирани нови 14 случаи на Ковид 19, а во моментов има 172 активни случаи. Во Клиничката болница има 53 пациенти, хоспитализирани на проширеното Инфективно одделение.