Ковид-19: Индија и Германија пријавија речиси идентичен број на нови инфекции

27

Индија со околу 1,3 милијарди жители и Германија со околу 80 милиони денеска пријавија речиси идентичен број на новозаболени со ковид-19.

Индиските власти регистрираа 26.355 нови случаи за последните 24 часа, додека, пак, германските евидентирале 27.728, пренесува агенцијата Танјуг.

Индија во трет ден во низа бележи под 30.000 инфекции на дневно ниво. Земјата досега пријави вкупно 10 милиони потврдени случаи што ја сместуваат на второто место во светот по САД.

Во изминатото деноноќие во Индија починале 360 лица за разлика од 952 пациенти кои ја загубија битката со вирусот во Германија која од денеска се затвора за намалување на бројот на заболени со ковид-19.