КОВИД-19 преминува кај дивите животни – голем број елени заболени во САД!

22

Научниците утврдија дека ковид-19 од луѓето преминал на дивите елени во некои делови на Соединетите држави. Антитела за САРС-КоВ-2 се откриени кај 40 проценти од белоопашестите елени (Odocoileus virginianus) на североисток од земјата.

Само во државата Мичиген, 67 проценти од дивите елени имале имунолошки маркери за коронавирус во крвта.

Ова е прв доказ за широко распространета изложеност на Ковид -19 во дивиот свет.

Иако здравствената состојба на ниту еден од елените не била лоша, присуството на специфични антитела во крвта покажува дека тие неодамна го надминале вирусот.

Сепак, научниците стравуваат дека популацијата на диви елени може да биде добра основа за развој и мутација на ковид-19, која потоа подоцна би можела да им се врати на луѓето, но со потешки последици врз нашето тело отколку порано.

Студијата е објавена на порталот „BIORxiv“.