Кога пациентите со ковид-19 треба да побараат помош во болница, објаснува директорката на Инфективна клиника

75

Тешка клиничка слика на пациент е со висока температура, глад за воздух, вознемиреност. Во определувањето на тежината на клиничката слика улога имаат многу параметри како клинички, така лабораториски, ренгенграфски и коморбидитетите и тежината на хроничната болест.

По апелот на д-р Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, дека на оваа Клиника не треба да доаѓаат пациенти со ковид-19 со лесни симптоми за да не се преоптоварува болницата, Плус Инфо ја прашуваат докторката да објасни кои се лесни, средни, а кои тешки симптоми на пациентите со ковид-19.

– Пациенти кои немаат симптоми а се ковид позитивни, пациенти кои имаат лесна клиничка слика со еднократно покачување на температурата или ниска покачена температура со гребење на грло, поради тоа некогаш и сува кашлица, малаксаност, треба да бидат во редовен контакт со матичниот лекар.

Средна тешка клиничка слика се пациенти со верификувана пневмонија или клинички наод на пневмонија, без глад за воздух, покачена температура.

Тешка клиничка слика на пациент е со висока температура, глад за воздух, вознемиреност. Во определувањето на тежината на клиничката слика улога имаат многу параметри како клинички, така лабораториски, ренгенграфски и коморбидитетите и тежината на хроничната болест.

Поради ова е многу значајно редовното комуницирање со матичниот лекар и нивното следење на пациентите како телефонско, така и со прегледи.

Пациенти кои никогаш не побарале лекарска помош биле болни по 10тина дена со постепен развој на болеста се болни кои не дале шанса за соодветно лекување и излекување.

Дали пациентите треба дома да си мерат сатурација во крвта за да знаат кога да се јават во болница и која е границата на сатурацијата која е критична?

– Пулсоксиметар не е неопходен, секако можат да го имаат.

Според Ваша проценка, ако дошле малку порано пациентите и не чекале да се развијат тешки симптоми, колкава би била смртноста?

– Не можам да предвидам каков би бил исходот на болеста кај секој од овие пациенти, но сигурна сум дека шансите за нивно преживување би биле многу поголеми, додава таа за плусинфо.мк