Кои познати личности се потпирале на хороскопот?

8

Астрологија е проучување на ефектите на далечните космички објекти, обично ѕвезди и планети, врз човечките животи.

Се вели дека позицијата на Сонцето, ѕвездите, Месечината и планетите во моментот на раѓање на луѓето (не нивната концепција) ќе ја обликува нивната личност, ќе влијае на нивните романтични врски и ќе го предвиди нивното економско богатство.

Астрологијата е широко распространета и доста контроверзна.

Додека одредени луѓе не веруваат во постоење на истота, овие славни личности веруваат во астрологија и редовно ја следат:

1. Селена Гомез
Во 2017 година, Селена Гомез на едно интервју изјави дека е „типичен Рак“. Селена признава: „Чувствата се нешто што го сакам“.

2. Џеј Пи Морган
Овој финансиски гигант има изградено едно од најголемите богатства во историјата. Истото го стори со мала помош на астрологот Евангелина Адамс.

Познат цитат од Морган поврзан со астрологијата е: „Милионерите не користат астрологија, тоа го прават милијардерите“.

3. Анџелина Џоли
Џоли ја проучува будистичката астрологија за планирање на сите големи настани во нејзиниот живот. Истата наводно ѝ помагала во планирање филмови, медицински процедури и други важни настани.

 

4. Ријана
Ријана вели дека е типична Риба во хороскоп и редовно си ги чита предвидувањата.

5. Лејди Гага

Гага и нејзиниот тим на духовни советници планираат датуми и турнеи за да ги избегнат лошите знаци, како ретрограден Меркур.

6. Роналд Реган
Претседателот Реган и неговата сопруга, Ненси, се советувале со астролозите за време на нивниот мандат. Ненси Реган верувала дека нејзиниот личен астролог ѝ помогнал да го спаси животот на нејзиниот сопруг, предупредувајќи ја за обидот за убиство.

 

7. Принцезата Дајана
За време на бракот со принцот Чарлс, Дајана се советувала со астрологот Пени Торнтон. За жал, Торнтон не можел да предвиди дека нежниот Рак никогаш нема да може да најде среќа со Скорпија како принцот Чарлс.

8. Бијонсе
Бијонсе тврди дека е вистинска Девица. Оваа ѕвезда докажа дека знае за што зборува и дека навистина е класична Девица: „Јас сум „контрол фрик“. Обрнувам внимание на детали. Имам големи очекувања од себе и очекувам многу од луѓето околу мене“.