Кои се симптомите на “стелт омикрон”?

5

Оваа подваријанта на омиркон се пренесува 1,5 пати побрзо од неговиот претходник.

Стелт омикрон беше идентификуван во ноември минатата година на Филипините, досега е регистриран во околу 70 земји во светот, но најмногу се прошири во Данска, Велика Британија, Индија, Катар, Непал, Израел …

Иако многу малку се знае за „невидливиот“ сој, податоците од Данска, но и од други земји каде за прв пат е регистриран стелт омикрон, покажуваат дека подваријантата не предизвикува потешки клинички слики од оригиналот, па затоа е многу помалку опасен од делта сојот.

Според достапните информации, симптомите на стелт омикрон речиси и не се разликуваат од оригиналот. Така, преовладуваат болки во грлото, потење во текот на ноќта, главоболка, насолзени очи, слабост и болки во мускулите, па дури и во грбот, кашлица, температура, најчесто до 38 степени, но неретко има случаи и без неа. Можна е и дијареа, особено кај децата и младите.

За разлика од делта сојот, оригиналниот и стелт омикрон многу ретко предизвикува болка во градите, бидејќи вирусот го напаѓа горниот респираторен тракт и генерално не се спушта до белите дробови.

Нема промена кога станува збор за текот на болеста. Имено, се проценува дека луѓето се заразни два дена пред првите симптоми и три до пет дена по симптомите.