Колинда му покажа среден прст на Шкоро

Вчерашната изјава на Мирослав Шкоро, кој минатата година се кандидираше за претседател на државата, ако силувана жена забремени за абортус мора да се договори со семејството, предизвика низа реакции.

73

Една од најжешките беше онаа на заменик-градоначалничката на Осијек Жана Гамош, која објави фотографија на која на Шкоро му покажува среден прст и ги повика и другите жени да го сторат истото.

Попладнево истото го стори и поранешната претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, која на Јутарњи лист им испрати своја фотографија на која на Шкоро му покажува среден прст со пораката:

„Им се придружувам на сите жени кои со овој ‘непристоен’ чин го покажуваат својот став и го креваат својот глас против оние што се обидуваат да нè вратат назад со векови. Помина времето кога жената седеше во ќош и чекаше што ќе каже ‘главниот’“.

Отсекогаш сум била за животот, но и за живот кој има право на избор. Без притисок, без стигматизација и условување, особено во најчувствителните животни ситуации како силување.

Затоа и јас во знак на поддршка го кревам средниот прст за нас жените и нашите права, но и за мажите кои нè поддржуваат“.