Колкаво поскапување на струјата ќе следува?

11

МЕПСО бара 100% зголемување за преносот на струја кој го вршат. Двојно намалените приходи на прекуграничните капацитети и новите правила за балансирање, каде операторот треба да биде фининсиски независен од државата, се причините за поскпувањето кое го бара државнна компанија. Првиот човек Рамадани вели – нивното учество е мало, само 3,5% во крајната цена, што значи поскапувањето не се очекува да биде драстично.

-Поднесовме барање до РКЕ, тие ќе одлучат што ќе прифатат. Делот на МЕПСО врз крајната цена е многу мал, на сметка од 1.000 денари, сега граѓаните плаќаат 35 денари за делот на МЕПСО. Така што, Регулаторна и да одобри 100% зголемување, нема да биде поголемо од 70 денари врз сметката, изјави Куштрим Рамадани, директор на МЕПСО.

Колкаво ќе биде зголемувањето на крајната цена која ја плаќаат потрошувачите, најмногу ќе зависи од државната ЕСМ. Тоа е цената по која државните елeктрани им ја продаваат струјата на ЕВН Хоум. Директорот Ковачевски очекува можни минимнални корекции нагоре. Сепак, вели дека ќе настојуваат да се запази социјалниот момент, за да се спречи ценовен шок.

– Ние во јуни настапуваме на набавката на Евн Хоум со 22 евра пониска цена од берзанската цена. на Хупекс за месец јуни, јули и август. Ние се ќе направиме во рамките на нашите можности, во рамките на можностите на Владата, мора да најдеме начин да ги супституираме овие минусни салда, но на крајот на денот најважно ни е да нема ценовни шокови кон граѓаните, но знаете струјата прави ценовни шокови кон индустријата, производтсвото, вели Васко Ковачевски, директор на ЕСМ.

Енергетските компании пресметките со кои бараат корекција на цената, веќе ги доставија до Регулаторната Комисјата, која, согласно законот, новата цена на струјата треба да ја соопшти до крајот на јули. Истата ќе почне да се применува од 1 август.