Колку Албанци, толку партии !?

5

Ние правиме ароганција исто колку што взаемно го прават лидерите на политичките партии, а ако сме биле досега последица на оваа ароганција, зарем не е време да направиме поинаков резултат? Затоа што, заедно тонеме на овој брод со гниени штици!

 

Од Аделина МАРКУ

Ако броите колку албански политички партии има овде во Северна Македонија и во името на шака луѓе кои избегале од оваа земја, бидејќи веќе не гледа надеж – (плус не успева да ги запамети ниту имињата на албанските политички партии, а камоли што му се прави и поголемо клопчето и уште поголем во грло и мозок), ќе ја удирате на глава со шлаканица и нема да бидете задоволни со црвенилото на кожата на челото, но ред е да се запрашате зошто се случува тоа,  значи зошто има толку многу политички партии. Да, да, тоа е тема за денеска, нема друга! Ох, нема друга! Затоа што другите доаѓаат после оваа анализа!

Како второ, што треба да сториме е следното, значи да не трошиме време пиејќи чај и да талкаме горе доле бесконечно, кој на кого му направил нешто и зошто му опростил и така тој основал една партија и свикал конгрес и станал претседател и неколкумина ги именувал за потпретседатели и секогаш една женско се наоѓа, за биде како што треба. Но она кое што треба е да седнеме и да расудиме. Да и ставиме крај на оваа состојба на ејакулација на политичките партии тука кај нас, затоа што сме за срам! Потоа анализата треба да се биде поедноставна, треба да се започне од наједноставното: сите овие албански политички партии и плус една прилично голема група конечно кај македонската партија (што ги надминува гласовите на албанските, особено. Како, како!? Да, да, добро слушна!), станале раштркани во името на албанскиот народ тука (Уставот не вика „малцинство“), чии народ ги држи живи две капитални битки во своите ткива: идентитетските и културните права како прв политички капитал и економските права како втор политички капитал и неодложно! Првата без втората не оди! Ниту втората без првата оди! Бидејќи, ако имаш културни права тие треба да се обработуваат некаде со цел да ги издигнеш и да ги направиш посеопфатни и позначајни. За да се обработат, ти требаат пари, ти треба силна развојна економија! Оваа втората ти треба многу, затоа што и првото и второто го правиме за нашите наследници. Но, тука има еден проблем, младината си бега! Хм, за очите на ќерка ми се плашам дека имаме повеќе партиски претседатели и потпретседатели отколку младина! Значи, и на првото и на второто потребно им е нешто за да го прават со заеднички именител: бараат наследници, младина и младинки! Бараат ангажиран глас!

Ах, да, не раздориле од партиите на другиот етникум – ова ќе го слушнете да се вели како прва и последна констатација! Секако, дека те раздорува другиот кога претседателите и потпретседателите не успеваат да ги дефинираат, афирмираат и развиваат двата приоритети во текот на политички живот: културниот идентитет во име на наследниците и развиената економија во име на наследниците. Другиот  ти вели се е во ред, тој/ таа, што тебе тие лезет да те раздорува (инаку не би бил прч!), значењето за колективната целина и ти прави како небо значењето за индивидуални права! Ти како колективна целина не наликуваш на себеси – уморен си многу од овие несредени нешта, додека сам како поединец – нели изгледаш како фраер!

Сега, пријатели//пријателки има уште една вистина, која е поинаква! Вистината за ваквиот голем раздор меѓу Албанците тука во Северна Македонија лежи во реторичкото прашање: зошто се однесуваме со толку ароганција ние Албанците овде во Македонија? Одговорот е исто така примерен: бидејќи не го прифаќаме аргументот на разумот, затоа  и сме арогантни. Ароганцијата денеска е некогашното бајрактарство. Дали сакаш да знаеш што е ароганција за да го разбереш изворот на раздорот во толку многу албански политички партии овде, плус гигантските групации зад владејачката македонска партија? Ете, ќе ја декодираме накратко албанската ароганција која нема никаква врска со гласот на причината на гласачот (кој/која, постојано бара унифицирање на политичките сили), но се однесува со раздорната ароганцијата како што следува: ароганцијата што раздорува е камуфлажа на несигурноста на лидерите; ароганцијата која раздорува се однесува на болното его кое треба да се лекува; тоа е многу тенка линија меѓу самодовербата и ароганцијата, а тоа е послушноста. Додека самодовербата те тера гласно да се смееш, додека ароганцијата те тера да се исмејуваш, послушноста те тера да не размислуваш за себеси – не не, таа бара да размислуваш за себеси, но не на начинот дека си најдобар/ најдобра од кој било друг!

На крајот, јас сум арогантна  што ја исмејувам ароганцијата на лидерите на албанските политички партии. Знаете ли зошто и јас сум арогантна? Затоа што имам толку многу пријатели и другари, успешни и финансиски и психолошки исполнети, кои можат да направат многу повеќе! Тоа го направив јас со ова парче текст! Бидејќи, алармот е запален и тоа лошо овој пат, и како несвесни се однесуваме кон тоа, дури и фраерски го размислуваме и го губиме значењето за себеси, додека наследниците сами ги убиваме пред нашите страдални очи!

Пријатели, пријателки, нашата ароганција е иста како таа на лидерите на политичките партии, и ако сме биле последица на оваа ароганција досега, дали не е време да направиме поинаков резултат? Затоа што заедно тонеме на овој брод со гниени штици!