Колку балкански ѕидари, електричари и столари ќе можат да работат во Германија?

14

Германските медиуми кои се повикуваат на информации од политичките кругови објавија дека правилото ќе биде продолжено, но дека ќе биде воведена годишна квота од 15.000 работници од сите земји од Западен Балкан.

Во Германија се води дебата дали да се продолжат правилата за вработување нискоквалификувана работна сила од Западен Балкан воведени во 2016 година и важат до крајот на годината, откако во оваа земја невработеноста поради ковидкризата почна да расте.

Германските медиуми кои се повикуваат на информации од политичките кругови објавија дека правилото ќе биде продолжено, но дека ќе биде воведена годишна квота од 15.000 работници од сите земји од Западен Балкан.

Од германското Сојузно министерство за труд, велат дека управувањето со миграцијата е можно со издавање дозволи, односно визи, во согласност со потребите на пазарот на трудот, доколку за специфични работни места нема кандидати од Германија или други земји од ЕУ.

Статистичките податоци за јуни покажуваат дека во Германија имало 600.000 повеќе невработени од претходната година. Сепак, многумина истакнуваат дека напорната физичка работа на градилиштето сѐ уште не привлекува значителен број Германци и покрај зголемената невработеност, а токму тоа е браншата во која најчесто се вработуваат неквалификувани работници од Западен Балкан.

Покрај тоа, како што покажа германската студија, Западен Балкан има квалификувани занаетчии што ѝ се потребни на Германија, а таа земја нема доволно такви луѓе – како ѕидари, водоводџии, електричари, столари.