КОЛКУ СЕ ЗАРАБОТУВА ВО ГЕРМАНИЈА: Лекарите земаат најмалку 9.000 евра месечно, видете кој е на дното на листата

8

Германскиот портал Gehalt.de денес ги објави најновите податоци за највисоките и најниските плати во Германија за 2019 година.

Највисоките плати во земјата ги имаат најискусните лекари кои годишно заработуваат околу 115.320 евра бруто плата, експертите за продажба или аквизиции со заработка од 99.635 евра, директорите на фондовите имаат 83.640 евра, а лекарите-специјалисти 80.720 евра годишно.

Меѓу најплатените се уште и финансиско-сметководстените менаџери, регионалните менаџери за продажба и статистичарите.

Од друга страна, најслабо платени се работниците во кујна чија годишна планта изнесува околу 21.907 евра, фризерите имаат 23.202 евра, келнерите или келнерките 23.620, работниците во кол-центрите 25.200 и рецепционерите имаат годишна заработка од 25.370 евра.

Меѓу најслабо платените работници во Германија се наоѓаат уште и благајниците, готвачите, денталните асистенти, негувателите и возчите.

Според податоците на порталот кои ги пренесува српски „Курир“, работниците на југот на Германија примаат значително повисоки плати, а највисоки плати оваа година се забележани во покраината Хесе.