Компанијата која печати пари за 140 земји во светот е пред банкрот

16

Англиската фирма “De La Rue“ е на раб на колапс, а станува збор за компанија која печати пари за вкупно 140 држави.

Раководството на компанијата соопштило дека активирале план за санација на работење кој не дава очекувани резултати, пренесуваат од “Анадолија“.

Во соопштението се наведува дека на компанијата ѝ се заканува прогласување банкрот. Компанијата до 2.500 вработени печати пари за 140 централни банки во светот, вклучувајќи ја и британската Централна банка (BoE).

Во претходните шест месеци компанијата забележала губиток во износ од 9.2 милиони фунти (11.84 милиони долари), а долгот во втората половина од оваа година пораснал за 170.7 милиони фунти (220 милиони долари).

“De La Rue“ во работата на печатење пари влегла во далечната 1860-та година кога тоа го правела за Mauritanius, а третина од парите кои моментално се во светот излегле од принтерот на таа компанија.

Исто така оваа компанија печати и пасоши за 40 држави. Од компанијата се надевале дека ќе го добијат тендерот за печатење нови пасоши за Велика Британија откако државата ќе ја напушти Европската унија, но таа работа ја добила конкурентската куќа “Gemalto“.

Кризата во компанијата ескалирала откако долгот од 23.17 милиони долари не го платила Венецуела.