Конгрес: Трамп да ги објави податоците за даночните плаќања за период од шест години

9

Специјалната комисија на Претставничкиот дом на Конгресот гласаше јавно да се обелоденат информации за тоа колку поранешниот американски претседател Доналд Трамп платил даноци во период од шест години, пренесе Би-Би-Си.

Тој потег стави крај на речиси четиригодишната правна битка на демократите околу добивањето на документите, за што одлучи Врховниот суд на САД минатиот месец.

Американските претседатели не се обврзани да објавуваат информации за даночните плаќања, но со децении тие го правеа тоа доброволно.

Би-Би-Си потсетува дека Трамп жестоко се борел за да ги заштити своите информации за плаќање данок.

Комитетот на Претставничкиот дом гласаше 24:16 за објавување на документите, бидејќи сите демократи во комисијата беа за објавување, а сите републиканци беа против.

Не е познато кога американската јавност ќе ги види финансиските документи на Трамп за периодот од 2015 до 2020 година. Во тоа време Трамп се кандидираше за претседател и четири години беше во Белата куќа.