Конечно крај на лошите резултати во Атина: Кадетите убедливи против Саудиска Арабија

6

Кадетската репрезентација на Македонија ја запиша втората победа на Медитеранските игри во Атина, Грција, откако во разигрувањето за пласман од деветто до четиринаесетто место славеше убедливо над соодветната репрезентација на Саудиска Арабија (22-14).

Нашите надежи по вчерашниот катастрофален пораз од Грција со 11 гола разлика, денес конечно одиграа квалитетен натпревар и на сигурен и доминантен начин извојуваа победа од осум гола разлика.

Натпреварите од групната фаза:
17.02  Македонија – Шпанија 14-21
17.02  Македонија – Мароко 21-17
18.02  Македонија – Тунис 17-19
18.02  Македонија – Хрватска 18-21
19.02  Македонија – Црна Гора 17-22
19.02  Македонија – Турција 15-15
Разигрување за пласман:
20.02  Македонија – Грција 14-25
21.02  Македонија – Саудиска Арабија 22-14

За Македонија денешниот триумф беше само втор од осум натпревари во Атина, каде што запишаа уште едно реми и пет порази. Во последниот натпревар од разигрувањето нашите кадети утре ќе се сретнат со Кувајт.