Конте го напушта „Џузепе Меаца“, но веќе се знае кој ќе го замени на клупата во Интер

11

Италијанските медиуми објавуваат дека Антонио Конте по само една сезона ќе го напушти Интер.

Интер успеа да заврши на второто место во Серија А со 82 бода и да избори директен пласман во Лигата на шампионите што беше првична цел пред почетокот на сезоната. Но, се чини дека челниците на клубот на крајот не беа баш задоволни со она што го прикажа Интер.

Од друга страна, ниту Конте не е задоволен од работата на управата, а тука воопшто не станува збор за засилувањата, туку за нешто сосема друго, па по крајот на сезоната јавно го нападна раководството. Сето ова се протолкува како најава за заминување на италијанскиот стручњак.

„Тутоспорт“ објави синоќа дека клубовите веќе донеле одлука да му врачат отказ на Конте, па веќе бараат негова замена. Наводно, на листата на желби се наоѓаат двајца во моментов слободни тренери.

Тоа се Масимилијано Алегри и Маурисио Покетино кои се без работа веќе некое време. Двајцата сакаат да се вратат на тренерската работа, а како што стојат работите, еден од нив според се во следната сезона ќе го води Интер.

Но, навивачите на клубот од „Меаца“ не се задоволни со ваквите одлуки на челниците на клубот бидејќи веруваат дека Конте треба да остане, бидејќи Интер игра далеку подобро откако тој ја презеде екипата.

Проблем е и фактот дека Конте по сезона заработува 11.000.000 евра, па не прифаќа да си оди на своја рака бидејќи сака обештетување од клубот или да остане на платната листа се додека не си најде нова работа.