Конте му покажа среден прст на Ањели, овој му возврати со многу погрдни зборови (Видео)

12

Што се случи по завршување на полуфиналето од Купот меѓу Јувенутс и Интер?

Јувентус и Интер синоќа одиграа без голови на теренот во Торино, а тоа му одговараше на домашниот тим, кој се пласираше во финалето на Купот. По завршување на мечот се случи вербален инцидент меѓу тренерот на Интер Антонио Конте и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.

Според италијанските медиуми, Конте, кој во минатото беше и на клупата на Јувентус, на Ањели му покажал среден прст, а потоа следуваше одговор и од Ањели.

Првиот човек на Јувентус на камера беше забележан како нервозно се симнува по скалите кажувајќи навредливи зборови упатени кон Конте.

„Е*и се. Замолчи. Гом*ар.“, беа само дел од зборовите кои ги извика Ањели кон Конте.