Конференција „Промоција на македонскиот спорт во медиумите“

6

Националното координативно тело на Проектот BeActive – Европска недела на спортот, кој e кофинансиран од Европската Комисија, а имплементиран преку Агенција за млади и спорт од 2018 година, денеска и утре организира конференција на тема „Промоција на македонскиот спорт во медиумите”.

Целта на конференцијата на која ќе учествуваат релевантни спортски медиуми, спортисти, спортски работници, службеници на спортски асоцијации и академска фела од областа на спортот, е поттикнување и размена на нови идеи за проектот на начин на кој македонскиот спорт ќе се поврзе со медиумите.

За денеска е предвидена панел дискусија за состојбите во спортските редакции во традиционалните медиуми, предлог решенија и форми за помош од страна на АМС, а утре ќе се дебатира за состојбите во спортските редакции во онлајн медиумите.