Корона вирусот влезе и помеѓу македонските фудбалски судии

15

Kако што е добро познато, пандемијата со корона вирусот никако да се смири во нашата држава, што повторно во опасност го доведува целокупниот спорт.

Се очекува на почетокот на следниот месец да се врати фудбалот во нашата држава за што веќе се отпочната подготовки.

Деновиве се врши скрининг на фудбалските судии кои ќе треба да полагаат пред почетокот на новиот шампионат.

Како што дознава Sport Club, најмалку еден фудбалски судија излегол со позитивен тест од вчерашните тестирања што секако е неповолна вест.