Која е Оливија Родриго: Има 18 години, 7 номинации за Греми, а на пат е да ги надмине Били Ајлиш и Дуа Липа

6

Една од ѕвездите на Дизни се трансформирала во поп ѕвезда која сама го изградила своето име, обожувана е од страна на генерацијата Зед, музичките критичари и постарите генерации, но и од сите останати.

Оливија Родриго не напредувала многу во уредувањето на својот нов стан, но сепак ставила едно скапоцено уметничко дело во својата спална соба. Во внатрешноста на рамката лежи еден испечатен твит. Станува збор за твитот на Карди Б посветен на неа, кој гласи:

„Ти оди многу добро за твои години. Не дозволувај било какви токсични зборови да допрат до тебе и не дозволувај било кој да спречи да се слушне твојот глас“.

Оливија Родриго се наоѓа во номинациите за Греми наградите и тоа во сите четири главни категории. Оваа 18-годишна девојка се најде во категориите за најдобар албум, најдобар нов изведувач, албум на годината и песна на годината, но добила уште три номинации.

Покрај неа, најмногу номинации имаат Били Ајлиш, Џастин Бибер, Габриела Вилсон…

Првиот сингл на Оливија „Drivers License“ е тажна и мелодична балада за младо скршено срце кој излезе во јануари и заживеа на ТикТок.

Во месец мај следеше нејзиниот албум „Sour“, збирка од лирски химни за раскинувања каде што секоја песна е поостра од претходните.

Оливија Родриго е родена на 20 февруари 2003 година во Калифорнија. Татко ѝ е по потекло од Филипини, а мајка ѝ од Германија со ирски корени. Оливија почнала да се занимава со пеење на шест години, а во средно училиште била активна во училишниот театар.

На 12 години добила улога во филмот „An American Girl: Grace Stirs Up Success“, а потоа и во серијата на Дизни „High School Musical“ на почетокот на 2019 година.

По двата успешни проекти издавачката куќа „Interscope“ била заинтересирана за работа со младата Оливија.

На само 18 години Оливија оди по вистинскиот пат и може да стане една од најголемите уметнички на својата генерација.