Која храна е најефикасна после фитнес тренинг

75

По напорниот тренинг многу e важно да се надомести изгубената енергија, a притоа да не се постигне спротивен ефект и да се неутрализира напорната работа со погрешен избор на храна .

Во продолжение следи листа на храна која е добра за брзо да ја вратите изгубената енергија, а која нема да ја загрози вашата линија.

1. Житарки и јогурт

Житарките, храна богата со јагленохидрати, влакна и протеини, се нешто што треба да го вклучите во вашето мени по вежбањето. Како совршена комбинација можете да додадете и јогурт кој е богат со протеини и ќе добиете одличен мал оброк кој брзо ќе ви ги наполни батериите за идните активности.

2. Фрапе

Јогуртот како една од состојките на овој вкусен напиток помага во намалување на болката предизвикана од напорен тренинг и мускулните воспаленија. Измешајте го со некои овошки и ќе добиете совршен пијалок кој ќе ве освежи, но и засити после вежбање.

3. Хумус

Хумусот е направен од наут кој е богат со протеини и јагленохидрати. Затоа се вбројува во храната која треба да ја јадете после вежбање.

4. Суво овошје

Слободно можете да грицкате сушено овошје после напорните вежби. Оревите се богати со протеини, а јагленохидратите се добри за обновување на оштетеното ткиво по напорниот тренинг.

5. Зеленчук подготвен на пареа со тофу сирење

Многу е важно да се внесат протеини после вежбањето, а овој оброк освен што е богат со протеини, му помага на вашиот организам да ја извлече максималната полза од вежбањето, односно вашето тело правилно да ги искористи сите придобивки од тренингот.

6. Пилешки или туна сендвич

Ако сакате одреден оброк што ќе ве засити по напорните вежби, најдобар избор е туна или пилешки сендвич. Хранливите ссостојки на оваа храна се одличен избор за брзо закрепнување и надоместок на енергијата.