Крводарителска акција за роденденот на Тоше утре во Дом на АРМ

3

 

Во холот на Дом на АРМ утре од 9 до 17 часот по 19-ти пат ќе се реализира крводарителска акција на денот на раѓањето на Тоше Проески (1981-2007).

– Црвен крст на град Скопје и Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Центар во соработка со Институтот за трансфузиона медицина ќе ја организираат традиционалната крводарителска акција во спомен на роденденот на големиот хуманист и крводарител Тоше Проески кој, за жал, прерано го загубивме, соопшти Црвен крст на град Скопје.

Организаторот додава дека оваа крводарителска акција стана веќе препознатлива во Скопје  и е посетена од голем број граѓани. На овие акции реализирани во чест на Тоше досега се собрани повеќе од 5300 единици крв.