Кремљ потврди дека Абрамович е на преговарите со Украина, не бил отруен

5

Руско-еврејскиот милијардер Роман Абрамович игра улога на посредник во руско-украинските преговори кои започнаа во вторникот во Истанбул, потврди Кремљ, и ги отфрли западните медиумски извештаи дека наводно бил отруен.

„За да се остварат контактите меѓу двете страни, неопходно е соодветно да се добие одобрение од двете страни, и во случајот на Абрамови тоа одобрение го има и од двете страни“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Роман Абрамович е вклучен во обезбедувањето одредени контакти меѓу руската и украинската страна, но не е официјален член на делегацијата“, додал Песков.

„Од наша страна, тој (Амрбамович) исто така е пруситен денеска во Истанбул“, додал за новинарите Песков истакнувајќи дека руската делегација ја предводи помошникот на претседателот Владимир Медински.

Песков, исто така, го отфрли пишувањето на американскиот дневен весник The Wall Street Journal кој се повикува на наводни неименувани американски извори според кои Амбрамович и дел украинските преговарачи имале симптоми на труење пред новата рунда преговори.

„Тоа е дел од информативната војна против Русија, тие информации не ѝ одговараат на стварноста“, рече Песков.

Интересно е што текстот во Тhe Wall Street Journal е истакнато дека Абрамович и најмалку два високи функционери во украинскиот преговарачки тим „развиле симптоми“ по состанок во украинскиот главен град во март!?

Извори на веснкикот ја споменале „можноста за труење“ и ги осомничиле приврзаниците на тврдата линија во Москва коишто наводно сакаат „да ги саботираат преговорите за војната во Украина“. Но нејасно е како тие успеале да дејствуваат во украинската престолнина.

Претходно минатата среда весникот The Wall Street Journal, објави дека украинскиот претседтел Владимир Зеленски, кој е етнички Евреин, наводно го замолил американскиот претседател Џо Бајден да не го санкционира исто така израелскиот државјанин од еврејско потекло Роман Абрамович, оценувајќи дека тој може да посредува во мировните преговори меѓу Украина и Русија.

Уште на 28-ми февруари, израелските медиуми објавија дека на првата средба на делегациите на Русија и Украина на преговорите во Белорусија, по барање на Киев, бил вклучен и Абрамович, кога првиот контакт меѓу двете страни беше договорена со посредство на израелскиот премиер Нанфатли Бенет.