Криминалот, еден од тајните критериуми на Нобел!

13

Дали може да се случи да во иднина поддршката за криминалот од страна на писателите, како што постапи Хандке, да биде еден од тајните критериуми на Шведската Академија за Нобел?

Од Емин АЗЕМИ

Шведската Академија за Нобел, откако го разјасни нејзиниот став дека нема повлекување од одлуката за доделување на наградата за литература, на австрискиот писател Петер Хандек, очекувано беше дека кон ваквата контроверзна одлука, да реагираат досегашните добитници на оваа награда, некои од нив се уште уживаат добро здравје, како што се Казуо Ишигуро, Марио Варгас Лоса, Орхан Памук. Но. Tоа не се случи, барем додека се пишува овој едиторијал.

Покрај Петер Хандке, беше уште еден Нобеловец кој беше љубител на српските злосторства на Балканот. Британскиот драмски писател и novelist,  Харолд Пинтер, беше член на Меѓународниот комитет за одбрана на Слободан Милошевиќ, формиран во 2001 година. Според него, „апсењето и притворот на Милошевиќ беше противуставно“. Значи, не е никакво изненадување што годинава Нобеловата награда отиде во рацете на друг писател, кој покрај литературата – има наклонета страст и кон криминалците.

Моралната дилема која од сега се отвора, е дали писателите кои ќе бидат номинирани во иднина, дали ќе се согласат да се изедначат со Хандек, Пинтер, Андриќ или некој друг, или дали ќе ги спуштат главите и ќе се задоволат со галењето што ти ја дава славата на оваа меѓународно признание, која има и монетарна тежина.

Не можеш да направиш вистинска литература, без да се поминува низ овие дилеми, додека писателите се најквалификувани мајстори за да ги изнесуваат внатрешните димензии на човечкиот дух, наспрам искушенијата што ти ги нуди животот.

Петер Хандке да не беше изјаснет со неговата уста во темната страна на историјата, тој сигурно денеска ќе уживаше многу поголема поддршка, бидејќи неговото дело далеку ја надминува неговата природа како човек. Има многу изучувачи кои сакаат да ја делат како со нож  книжевното дело од писател-човек, но кога општествениот ангажман на писателот е прави во име на каузата што тој ја смета како нормална,како што го смета Петер Хандке, масовното убиство над Бошњаците, тогаш одбивањето што може да му се прави на оваа ангажирање не може да ја остава недопрена и неговото дело.

Во овој насока има простор за суштинска корекција што се однесува до ставот кон писателот-автор и писателот-човек. Историјата на литературата познава многу писатели кои во обичниот живот биле ликови со контроверзни биографии, но во еден многу приватен план, што немал никакви последици за колективната среќа на луѓето. Таков писател би можел да биде суров во однос на сопругата, пријателите, со финансиски проблеми како што е делото на Балзак, но нивните морални причини не го отежнувале нивниот литературен авторитет поради некакво позиционирање, од кои би можеле да зависат судбините на илјадници луѓе.

Петер Хандке е една друга категорија. Тој не се критикува зошто се расправел со сопругата или имал лоши односи со соседите. Неговото ангажирање, која извира од авторитетот да се биде писател, е многу проблематичен, затоа што неговиот говор даде негативна инспирација за стотици српски криминалци во Босна и во Косово. Некои судски процеси и на меѓународен ранг (ниво) кои се спроведени против овие криминалци, ги прогласија тие како директни виновници за билансот на многу извршени злосторства.

Дали може да се случува да во иднина, поддршката на криминалот од страна на писателите, како што постапи Хандке, да биде еден од тајните критериуми на Шведската Академија за Нобел, а криминалците од сите бои утре да се повикуваат на отворени сојузи со писателите? (koha.mk)