Кристијан Бејл веќе нема да ја менува тежината заради улога

27

Британскиот актер Кристијан Бејл (45) се истакна во филмскиот свет со својот талент и бројните, понекогаш опасни, трансформации. Сепак, сега тоа е зад него. Тој одлучи дека ќе престане да се дебелее или да слабее за улогите.

„Постојано повторувам дека сум готов со тоа, но сега навистина мислам дека завршив“, рече Кристијан.

За најновиот филм „Ford Vs. Ферари“ изгуби 35 килограми за улогата на возачот Кен Мајлс. Неговиот колега Мет Дејмон (49) е воодушевен од неговата трансформација.

„Се забавував кога го гледав. Тој има дисциплина на монах затоа што се трансформира од Дик Чејни во овој лик. Тој мораше да изгуби 35 килограми“, рече Мет.

Иако се шегуваше велејќи дека зголемувањето на телесната тежина за улогата на Чејни е лесно, тој сепак рече дека тоа е тежок процес.

„Очајно е. Тоа е страшно. Ако губите тежина, нема ништо друго освен да одите во кревет гладни и да се чувствувате очајни. Зголемувањето на телесната тежина е друга крајност. Вие целосно ја губите дисциплината и се прејадувате како луди. Морам да престанам затоа што не е здраво за моето тело. Јас сум во четириесеттите години и ќе биде опасно ако не станам повеќе свесен за сопствената смртност“, рече Бејл.