Крсте Велкоски три недели во аут

11

Скопје, 8 октомври – Напаѓачот Крсте Велкоски се повредил на тренинг на нашата фудбалска репрезентација и нема да биде во комбинација на настап на претстојните квалификациски натпревари против Словенија и Полска.

Голгетерот и капитен на Сараево има повреда на мускул во задната ложа, и ќе паузира околу три недели. Освен на двата меча од квалификациите за ЕП 2020, Крсте нема да може да игра ниту за Сараево на дуелот со Челик во босанската премиерлига.

Засега не е познато дали селекторот Игор Ангеловски дополнително ќе повика некој друг напаѓач во репрезентацијата, или ќе се потпре на веќе расположивите сили кои ги има во тимот.