Крушевчанец почина од корона вирус

28

Жител на Крушево на 70-годишна возраст почина синоќа на Инфективната клиника во Скопје како последица од новиот корона вирус.

Ова е втор смртен случај како резултат на Ковид-19 во Крушево, откако кон средината на април битката ја загуби 85-годишна жена од градот.

До вчерашниот ден, во Крушево има четири активни случаи на заразата, а повеќе од 40 лица се во самоизолација на ниво на целата општина.