Куман: Денес да освоиме три бода и да купиме малку мир

16

По најлошиот старт во последните речиси 20 години, тренерот на Барселона Роналд Куман е под постојани критики и притисок дека екипата мора да бележи подобри резултати. Каталонскиот гигант попладнево на „Камп Ноу“ е домаќин на Бетис и реално е да се очекува триумф на Барселона.

„Тим како што е Барселона, секогаш треба да е на чело на табелата. Кога не е така, нормално е постојано да има критики. Јас можам да се справам со такви критики, но ние како клуб не можеме да си дозволиме постојано да бидеме мета на критики. Сезоната е долга и мора да се подобруваме од меч во меч. Против Бетис треба да освоиме три бода и да добиеме малку спокој. Сепак, дури и да победиме, не верувам дека ќе бидеме спокојни затоа што ова е клуб во кој секогаш нешто се случува“, вели Куман.

Холандскиот стратег се надева дека на денешниот меч во главна улога ќе бидат офанзивните играчи, а не како на мечот против Динамо Киев кога најдобар на теренот беше голманот Марк Андре тер Штеген.